100 пати се оженил со истата жена! Е тоа е љубов…

popara5 октомври, 20111min00
100 pati

Брачниот пар Лорен и Дејвид Блер, од Тенеси, САД, влегоа во Гинисовата книга на рекорди благодарение на нивната романтична љубов. Тие се заедно 30 години, а досега се заколнале на вечна љубов дури 100 пати.

Брачниот пар Блер за прв пат се земале во 1984 година и велат дека се создадени еден за друг. И двајцата имале лоши љубовни искуства пред да се запознаат, па затоа велат дека нивната љубов е вистинска.

Досега тие се венчале 100 пати, а последен пат се венчале на Хаваите.

„Знам дека Дејвид е човек кој ќе ме сака се додека не умрам. Тој ќе ви каже дека ги обновуваме заклетвите само за повторно да идеме на меден месец“ на шега вели Лорен.

Брачниот пар Блер планира да продолжи да се „заколнува на вечна љубов“, а тие и во моментот ја планираат нивната идна свадба.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma