Дали се геј врските поинакви?!? Така ееее… :))))))))

popara6 октомври, 20111min00
Gay pride 2011 à Toulouse

Мајкл и јас бевме во врска повеќе од 7 години, кога решив да се иселам од неговиот стан во 2006 година. Се запознавме во еден бар за Божиќ во 1998 година. Тогаш го гледав „Заљубениот Шекспир“ и се чувствував опиен од љубов, па решив да го пронајдам својот Џозеф Фајнс.

Мајкл најпрво му се „пушташе“ на мој пријател, но не му одеше со разговорот па се префрли на мене.

Приказната за нашето запознавање често ја споделувавме со нашите пријатели, а сите уживаа додека ја слушаа. Сите се смееја, а најмногу јас и Мајкл. Нашата врска изгледаше совршена, како да сме создадени еден за друг.

Таа вечер завршив во неговиот стан и таму останав (фигуративно кажано) наредните 7 години. Раскинувањето беше тешко, особено затоа што не беше ничива вина. Нашата врска полека „се празнеше“ во седмата година, како и повеќето бракови. Се сакавме многу, но љубовта постепено исчезнување. Бевме интимни, но не и страствени, имавме мачки, но не и деца.

Се обидовме да одиме на советување, трошевме пари на одмори, облека, мебел… Бевме изгубени! Една вечер Мајкл реши да спие наместо да ја гледа со мене последната епизода од нашата омилена серија. Тогаш знаев дека е крај и дека не ми преостанува ништо друго освен да се иселам.

Следуваше период на интензивно вежбање, слабеење, прекумерно пиење и користење лесни дроги, добар секс и маратонски сесии во кујната. Отсекогаш сум сакал да готвам, а во тој период готвев секој ден.

Самотијата ме убиваше, па се посветив на многу академски трудови посветени на љубовните врски. Се прашував дали можев да сменам нешто и да и помогнам на нашата врска да опстане? Какво влијание имаше нашата хомосексуалност врз истрајноста на нашата врска? Дали се откажавме еден од друг затоа што сме мажи или затоа што сме геј?

Пријателите ми велеа дека не ни било судено, но тие сите имаа врска? Зошто ние не успеавме?

Кога имав 13 години ја прочитав книгата „Се што отсекогаш сте сакале да знаете за сексот“ од Дејвид Рубен. Во делот за хомосексуалци стоеше дека тие најчесто ја бараат вистинската личност, она искуство кое целосно ќе ги задоволи. Тоа е клучна причина зошто хомосексуалците често менуваат партнери, бидејќи тие никогаш не престануваат да бараат.

Иако сега знам дека тоа тврдење е резултат на неискуство и плиткоумност, мислам дека повеќето луѓе сметаат дека хомосексуалците се полоши партнери.

Можеби проблемот беше што врската ја започнав премногу млад. Тогаш сакав да ги фасцинирам семејството и пријателите со својата зрелост и стабилност. Можеби требаше да почекам…

Истражувањето на хомосексуалните врски е сеуште нова наука. Првата студија посветена на хомосексуалните парови е објавена дури во 2003 година.

Истражувањето на Џон Готман и Роберт Леверсон од универзитетот во Калифорнија покажало дека хомосексуалците се попристојни додека се караат и дека се помалку склони кон агресија и доминантност, но дека користат повеќе хумор во нивните кавги. Тие исто така докажале дека доколку настане голема кавга, хомосексуалците се помалку склони кон помирување.

Јас и Мајкл бевме влезени во рутина, што повеќе не се ни каравме. Нашата врска беше досадна и мрачна, а околу нас се наоѓаше аура на пасивност, а не страст.

Истражувањето на Џон Готман и Роберт Леверсон покажало дека оние парови кои внесуваат повеќе емоции во караниците имаат поуспешни врски од оние кои се смирени и незаинтересирани.

Хомосексуалните врски ги убива апатија, а не тензија. Тоа е така затоа што во таквите врски нема распределба по пол, туку и двајцата партнери ги вршат истите работи. Тие се почувствителни бидејќи немаат јасно одредена улога во врската.

Сеуште никој не успеал да докаже зошто геј мажите се лоши кога станува збор за помирување, но јас имам една теорија: затоа што караниците не се важни за нашиот сексуален живот. Хомосексуалните парови, за разлика од хетеросексуалните, се многу повеќе склони кон немоногамни врски.

Според последните истражувања, геј популацијата е најголем конзумент на порнографија, што ги прави тие луѓе помалку зависни од своите партнери.

За крај, сметам дека геј паровите имаат потреба од драма за време на кавги заради се што им се случувало во детството. Иако денес идејата за хомосексуалците е повеќе прифатена, сепак многумина гледаат на геј популацијата како на нешто неприродно и одвратно. Затоа, кога хомосексуалците ќе се најдат во врска, потребно им е во сите караници да внесат драма и чувства кои со години биле потиснати. На хомосексуалците им е потребно нивната врска да „гори“!

Легализирањето на геј браковите ќе придонесе многу за подобрување на траењето на хомосексуалните врски, ако ништо друго, заради финансиските и правните бенефиции на бракот. Да бевме јас и Мајкл во врска, нештата ќе беа сосема поинакви!

Иако истражувачите велат дека стрејт луѓето може да научат многу работи од хомосексуалите, сметам дека и геј паровите треба да учат од хетеросексуалците за да го подобрат својот љубовен живот.