Индија и парира на Кина! Развиле „таблет“ за 26 ерва :) Аман бе…ццц :)

popara6 октомври, 20111min00
100154

Во Индија бил претставен прототип за ефтин „таблет“ компјутер наменет за ученици и студенти, пренесуваат француските електронски  медиуми.

Во текот на првата тест фаза, во продажба ќе се најдат 100.000 од тие компјутери кои ќе се продаваат по цена од 35 долари или 26 евра.

Станува збор за уред кој е развиен од страна на конзорциум на истражувачи од приватниот и јавниот сектор, а го направила британската компанија „Дејта Винд“, а уредот ќе биде составуван во Индија.

Некои аналитичари, се скептични во однос на ефтиниот „таблет“ и истакнале дека проблемот со ефтините уреди од тој вид е што се бескорисни, наведувајќи при тоа дека екранот на овој таблет е лош и перформансите не му се добри.

Индискиот министер за телекомуникации и образование Капил Сибал, за време на презентацијата истакнал дека овој таблет ќе им овозможи  на студентите да го подобрат капацитетот на учењето, а постои мислење дека би можел да се користи и во руралните области.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma