Ништо не може толку да ја освежи облеката како добра нова чанта. Оваа есен модерни се чанти со средна големина. Доволно големи за да во неа ви собере се што ви е потребно, а сепак доволно мали за да не ви биде премногу тешка. Оваа сезона во мода е крзното, па така и крзнените чанти се апсолутен хит. Секако, но тоа веќе и не треба да се напоменува, мислиме на вештачко крзно. Покрај чантите со детали од крзно, во тренд се и ченти со било какви детали. Декоративни ремени, реси, патенти, џебови и слични додатоци се неопходни за модерните чанти.