Американскиот инвеститор Кајл Бас веќе заработил милиони на сметка на кредитната криза, а сега се подготвува да ги мултиплицира своите пари за дури 650% и тоа на грчкиот банкрот. Последните три години откако настапи економската криза во светот, беа неверојатно „сушни“ години за многу луѓе.
Сепак, некој не страдал толку, барем не Кајл Бас.
Бас го основал фондот “Hayman Capital” во Далас во 2006 година, по што заработил десет милиони долари на продажбата на оврзници за една компанија од Вол Стрит.
Тој заработил милиони на обложување против таканаречените хипотекарни кредити. Бас бил еден од 15-те луѓе кои се обложиле дека американските финансии може да ги „снема во пламен“.
Бас верувал дека падот на “sub-prime” пазарите ќе биде откриен за да богатите власти од запад ја сокријат финансиската криза. Како голем проблем во сето тоа Бас го гледа фактот дека банките биле третирани како „продолжена рака“ на властите, вклучувајќи го фактот дека истата таа власт ќе ги извлече од финансиски проблеми, ако дојде до тоа.
Погодете на што Бас се обложува во моментот? На колапсот на сите држави во Европа. Бас верува дека за Грција, Шпанија, Португалија, Ирска, Италија и Швајцарија, постои најмала веројатност дека ќе успеат да ги отплатат своите долгови.
Купил осигурување од грчкиот банкротза 11 базични поени, што значи дека осигурувањето на обврзниците во вредност од еден милион долари чини 1100 долари годишно. Грчкиот банкрот би отплатил околу 70% од неговите долгови, што значи дека секој облог од 1100 долари ќе му донесе заработка од околу 700.000 долари.
Мајкл Луис, кој има напишано книга за него, се присетил дека Бас во една прилика ја извлекол фиоката велејќи му: „Мораме да купуваме многу од овие“.
Бас купил и околу 20 милиони монети. Тврди дека металот во секоја од монетите чини 6,8 центи.
„Можеби не е крај на светот, но многу луѓе ќе изгубат многу пари. Наша цел е да не бидеме меѓу тие луѓе“, порачал Бас, кој додал дека мајка му го советувала да вложува пари во „оружје и злато“.