Претседателот на ФК Милан, Силвио Берлускони, за време на својата последна посета на спортскиот центар во Милано му рекол на Златан Ибрахимовиќ да ја скрати косата.
„Да се ишишаш, знаеш!“, му рекол Берлускони на Златан.
Италијанските медиуми тврдат дека Берлускони го советувал Златан да ја скрати косата, бидејќи долгата му стоела лошо.
Ова не е прв пат Берлускони да дели слични совети, бидејќи минатата година му порачал на Алегре да ја промени фризурата.