Луд…откачен или бизарен? Хотел издлабен во дрво …во секој случај – единствен:))

popara6 октомври, 20111min00
1

Се наоѓа во Да Ланг во Вијетнам, Hang Nga куќа во дрво, попозната како “Луда куќа”, изгледа како да е сместена во внатрешноста на огромно стебло и гранки, кои се обидуваат да ве измамат да поверувате дека тоа навистина е зграда вдлабната во дрво. Всушност, изградена е од конвенционални градежни мареријали. Но, не постои ништо конвенционално кога станува збор за архитектонски решенија кои ги смислила Hang Nga, сопствeничка на “Луда куќа”.

Ќерката на поранешниот претседател на Вијетнам, Hang Nga одврзани раце кога се одлучила да го изгради својот лудничав хотел. Со поддршка на градежните власти можела да ја прави што сака, а резултатот можете да го видите на фотографиите.

Внатрешноста на хотелот е необична како и надворешноста. Исполнета е со необични агли и трикови, тесни ходници, бизарни соби и рашарана со чудни отвори во облик на прозори.

Поради ваквиот изглед “Луда куќа” станала многу успешна туристичка атракција, но помалку успешен хотел. Hang Nga, која живее во своето ремек – дело, се обидува да ги убдеи луѓето да останат да преноќат, но поголемиот дел претпочитаат да ги искористат фотоапаратите и да побараат конвенционално сместување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma