Близнаците често ги мешаат, но тој проблем го немаат Џејмс и Даниел Кели. Близнаците имаат 18 години, и се деца на мајка од Англија и татко од Јамајка.
Џејмс и Даниел многу исто така многу се разликуваат и по темпераментот и по интересирањата. Џејмс е хомосексуалец, одличен ученик и екстровертен, додека Даниел е хетеросексуалец, не сака училиште и е срамежлив.
Како дошло до ова објаснува докторот Џим Вилсон, генетичар од Универзитетот во Единбург. Повеќето мешовити парови, каде што едната личност е со бела, а другата со црна боја на кожата, ќе имаат потомци со темна кожа , изјавил Вилсон. Мала е можноста ако таткото е афрички црнец, а мајката белкиња да имаат бело дете, затоа што африканецот во својата ДНК носи гени само за темен пат, па не може да пренесе европски гени. Но, повеќето луѓе од Карибите, иако имаат темна боја на кожа, имаат и европска ДНК затоа што , во деновите на ропство, сопствениците на плантажи им напастувале на робинките и така се помешале европските и афричките гени.
Дури и најмалиот процент од афричките гени, најчесто прави бојата на кожа да биде темна, па за да детето биде бело, мора од таткото да наследи европски гени. Со евроските гени и од мајката и таткото, дошло до тоа едното дете да биде бело, а неговиот брат кој е со темна кожа ги наследил афричките гени од таткото. Мажите од Кариби во главно, повеќе имаат афрички гени, па поголема е можноста да ги пренесе. Меѓутоа, многу ретко, се случува да се родат близнаци со таков генетски микс, едното дете да биде црно,а другото бело-, раскажува Вилсон.
Ерол и Алисон имаат уште едно заедничо дете, 14 годишното девојче, Кели која е темна. Интересно е што они двајца имаат деца близнаци од претходните бракови.