Повеќе од 7500 Американци се потпишале на петицијата која бара од претседателот на САД Барак Обама да дозволи објавување на владините документи за постоење на вонземен живот. Петиција од овој вид е прва во историјата на САД, а е организирана од луѓе кои веруваат во теоријата на зевера поврзана со постоење на НЛО, со цел откривање на јавните тајни поврзани со вонземјаните.
Ако петицијата ја потпишат 17.000 потписи до 22 октомври, Белата Куќа ветила дека ќе одговори на барањето на петицијата.
Инаку петицијата прв ја покренува Стефан Басет, кој веќе 15 години неуспешно лобира за да ја дознае вистината за контактот помеѓу луѓето и вонземска раса. На својата интернет страница Басет ја објавува петицијата и ги замолува сите кои сакаат да ја дознаат вистината да се потпишат на истата, како би собрале што е можно поголем број на потписи. Во текстот на петицијата се истакнува моментот како над стотина некогашни владини службеници јавно говорат за контактот кој се остварил помеѓу човекот и вонземската цивилизација.