Големата светска поп дива Бритни Спирс собра дури шест илјади обожаватели во Арената во Загреб.
Публиката ја разочарала со изведбата на песните на плејбек, како и со релативно краткиот концерт.
Иако од Бритни се очекуваше спектакл, таа ги разочара обожавателите со својата изведба.
Се собрале околу шест илјади луѓе, иако арената собира 12 илјади, па слободно може да се каже дека салата била полупразна.
Она што било очигледно од самиот почеток е дека сценографијата и продукцијата биле одлични.
Концертот бил проследен со специјални ефекти: огномети, автомобили, голем број на видеа,кои по потреба се дигале и симнувале на сцената; публиката збеснувала на секоја промена и секој стимул,а танчерите одработиле врвна работа и се изгледало како добро извежбана театарска претстава.
Меѓутоа, каога станува збор за ѕвезда на вечерта, колку и да се лажеме, се работи за жена која позади себе има две породувања, неколку нервни сломови и мал пад на кариерата што секако дека оставило траги, како на нејзиното тело, така и на нејзната изведба. Исто така, било евидентно дека еден час и половина гледале жена со намонтирана насмевка како безуспешно се труди да игра и да го усогласи оворањето на усните со музиката која ја добивала преку слушалките.
Оние кои на моменти гледале во видео бимот кој прикажувал крупен кадарод пејачката, всушност виделе како проблематичната поп-дива ја отвора устата на погресни делови, но на крај “испаднало” дека е подобра танчерка отколку пејачка.
Оние шест илјади луѓе кои се појавиле на концертот, очигледно дошле искуливо за забава. Не обрнувајќи внимание на сите грешки кои од Бритни како од ѕвезда која се обидува да се избори да ја задржи титулата принцеза на поп музиката не е очекувано, пееле на цел глас и покрај нејзиниот плејбек.
Се на се, концертот бил едно одлично искуство, сведоци сме на една брилијантна сценографија, но ако зборуваме за Бритни, нејзиното време помина тогаш кога на улица ја избричи својата глава и никогаш повеќе нема да може да ја носи титулата поп принцеза.