Бриџит Вајсмер, 33, прво тврдела дека станува збор за недоразбирање, а подоцна признала заедно со нејзиниот пријател хомосексуалец на кого го продала детето. Инаку, во полиција ја пријавила нејзината мајка.
Оваа американка била обвинета поради обид за продажба на својот син за 15.000 долари, причината наводно била дека не сакала трето дете, но идека конечно сакала да си го исполни сонот и да замине во Дизниленд. Синот сакала да го даде на Џон Г. (54), од Филаделфија. Тој требал да се потпише на изводот како татко на детето и да ја преземе грижата за него.
На двајцата им се закануза затворска казна од седум години.
„Ми рече дека сака да ми помогне во грижата за детето и дека ќе се грижиме заедно. Сакаше да му даде живот на детето каков што јас неможев, поради мојата лоша ситуација. Тој само се грижеше за нас. Двајцата го сакаме ова бебе“, изјавила Бриџит. Сепак, полицијата пронашла неколку документи слични на договор во кој е запишан датумот и распоредот на исплата на парите.
Во полицискиот извештај стои дека мајката на Бриџит пријавила дека нејзината ќерка го прадава своето бебе на една хомосексуална двојка. Исто така имале докази од видео камера во која се гледало дека Бриџит потпишува документ, а мажот и дава пари само четри дена по раѓањето на бебето.
Џон наводно го признал веднаш делото, а Бриџит подоцна. Бебто моментално се наоѓа во згрижувачко семејство.