Мајкл Џексон имал порцеланска кукличка во креветот дента на неговата смрт, било објавено во продолжението на судењето на докторот Конрад Мари.
Фотографијата, на која се гледало куклата со расфрлани цд-а, ја направила полицијата која извршила претрес во куќата само неколку часа по смртта на Џексон на 25 јуни во 2009 година.
Токсикологот Ден Андерсон го изнел фактот дека Џексон во времето кога настапила смртта во своето тело имал шест различни видови на дроги.
Судењето ќе продолжи, а се претпоставува дека ќе трае до крајот на овој месец.