
93. Sophia Thomalla – родена во Берлин на 6 октомври 1989 година. Германска актерка и модел. Се има појавувано на многу телевизиски шоуа и рекламни кампањи. Во 2010 година магазинот FHM беше рангирана за трета најсекси девојка во светот.
92. Zsofi Szabo – родена во Orosháza, Унгарија на 22 септември 1988 година. Таа е актерка и модел. Во јуни 2011 се фотографираше за списанието CKM.
91. Katerina Stikoudi – родена во Солун, Грција 1985 година. Во 2005 година ја освои титулата Мис на Грција. Таа е студент во Лариса, работи како модел и инструктор на деца по пливање. Досега била водителка и на голем број телевизиски шоуа. Се има појавено во FHM магазинот.
90. Martina Stella – родена во Италија, на 28 ноември 1984 година. Актерското деби оваа прекрасна девојка го оствари во 2001 година, а потоа веднаш почнаа да стигаат понудите за нови филмови. Се појавува како заштитно лице на брендови за гардероба и козметика.











