Светската чоколадна индустрија е вредна 9 милијарди долари, а скоро половина од какаото во светот расте во Западна Африка поточно во Гана и Брегот на Слоновата Коска.
Меѓународниот центар за тропско земјоделство верува дека ако просечната температура во Гана и Брегот на Слоновата Коска до 2050 година се зголеми за 2,3 степени, какаото веќе нема да може да расте во ваква клима.
Ова е лоша вест за локалните фармери кои буквално живеат од продажбата на плодовите од какаото, но и за светската чоколадна индустрија, која во најмала рака би се преполовила.
При вакво сценарио, цената на какаото би се доближила до онаа на благородните метали како златото и среброто.
“Овие дрва се од апсолутно витално значење за локалниот рурален живот во оваа област,” – вели д-р Петар Ладерак од споменатиот центар.
Истражувањето кое било спроведено резултирало со 19 можни климатски модели, а со истото се предвидува дека првите штети од климатските промени можат да се појават уште во 2030 година, кога и фармерите би требало да ги почувствуваат првите последици.
Но можеби не е се така лошо, затоа што одгледувањето на какаото ќе може да се пресели на повисока надморска височина, односно на поповолни климатски услови. Сепак, доколку климатските промени и понатаму продолжат, особено нагоре, ќе снема погодна почва за одгледување на какаото, а со тоа и производството на чоколадо.