Не сте ни свесни колку СМС пораките можат да бидат штетни

popara8 октомври, 20111min00
0463007.48

Ако имате необјасниви главоболки, и болки во вратот, рацете, зглобовите или рамената, можеби ве мачи таканаречениот СМС врат. Овој нов здравствен проблем е во голем пораст откако смарт телефоните се појавија на пазарот.

Британските киропрактичари предупредија дека веќе се сретнали со многу случаи со таканаречениот СМС врат, до кој доведува претераното наведнување на вратот надолу заради пишување пораки и уживањето во сите останати погодности кои ги нудат смарт телефоните и таблет уредите.

Ова може да донесе и до природна искривеност на вратот, што потенцијално доведува до озбилни здравствени проблеми, објаснуваат стручњаци за британскиот Telegraph.

Неволјите предизвикани од честото наведнување на вратот може да доведат и до артритис, а ако таквата состојба не се лечи, штетата може да биде трајна. Во сериозни случаи мускулите на вратот се прилагодуваат на новата состојба, а обидот за враќање во првобитната состојба предизвикува тешки болки. Сосотјбата може да резултира и со главоболки, и со болки во рамениците, рацете и рачните зглобови.

„Замислете си дека седите на ножниот зглоб десет минути. При враќањето во природната позиција ќе почуствувате укоченост и болки. Всушност тоа и луѓето го прават со вратот,” предупредува Рејчел Ланкастер од организацијата Freedom Back Clinics.

Состојбата може да се избегне со редовни паузи, исправување на вратот и гледање пред себе. Секако се препорачува и редовно вежбање, посебно вежби за вратот и ‘рбетот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag