Смешни одговорни на глупавите женски прашања! Искористете ги и ќе ве остават на мира!!! Или ќе добиете шлаканица :)))

popara8 октомври, 20111min00
zena se luti copy

Колку ли мажи ќе се пронајдат во овој текст… На сите нив им е смачено кога жените ги прашуваат прашања на кои или не сакаат да го чујат вистинскиот одговор, или го знаат одговорот однапред, или едноставно ги прашуваат само за да ги изнервираат!!!

Епа мажи, еве ви некои иновативни одговори на тие прашања со кои или ќе ги замолчите жените, или ќе ги изнервирате толку што повеќе нема да ве прашуваат. Внимание, може и да добиете некоја шлаканица!!!

Прашање: Миличок, дали изгледам дебело во овој фустан???

Ситуација: Ова ви се случува секој пат пред излегување. Сигурно ви е смачено од мафтање со главата и очекуваниот одговор „никако драга“!

Можни одговори: Драга, не си ти дебела, фустанот е тесен!

Во споредба со твојата другарка, не си дебела!

Па… во тој фустан не изгледаш дебело!

Прашање: Се надевам дека не очекуваш секс вечерва???

Ситуација: Ова секогаш е реторичко прашање. Можеби очекувавте секс, ама јасно ви е дека од таа приказна нема ништо.

Можни одговори: Не очекував, имав секс денес на работа!

А утре?

Не се секирај, повеќе не верувам во чуда!

Прашање: Што ќе правеше да не ме сретнеше мене?

Ситуација: Ниту еден одговор на ова прашање не е добар. Не се трудете да го остварите невозможното!

Можни одговори: Ќе уживав во животот!

Ќе гледав фудбал секоја вечер!

Ќе бев Хју Хефнер!

Прашање: За што размислуваш?

Ситуација: Ова е едно од оние прашања што најмногу нервираат, особено ако не мислите на ништо туку сте го пуштиле мозокот на пасење J

Можни одговори: За секс во тројка!

На новата колешка од работа!

Ти секогаш се знаеш, па сигурно знаеш и на што мислам!

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma