Станува збор за технолошки интелигентна машина опремена за изработка на сите фази на пицата, од развлекување на тестото, додавање сос, а може да се произведат 4 различни видови на пица, тие се подготвуваат за само 90 секунди и се печат за помалку од три минути.
Резултатот е свежа пица поевтина за три пати отколку да ја купите во ресторан.
Додека ја чекате вашата пица да се испече, можете да слушате музика или да гледате реклами, на 32-инчен екран на апаратот.
Pizzametry во себе содржи доволно свежи состојки за производство и до 150 пици, кои се чуваат во добро затворен дел од апаратот.
Пузант Качадориан ја создал оваа машина и нему му биле потребни цели 20 години за да ја усоврши.
Овој автомат наскоро ќе се појави на улиците на Њујорк.