Шпанскиот магазин Ел Мундо ја објави листата на најелегантни мажи во светот. На оваа листа се најде претседател на држава, актер, моден креатор, принц и тенисер. Погледнете кои „фацки“ од посилниот пол се најелегантни:
Карл Лагерфелд: За најелегантен маж на светот е прогласен модниот креатор Карл Лагерфелд. Тој веќе со години го гради својот препознатлив имиџ. Овој моден креатор скоро секогаш е облечен во црно – бела комбинација, а негов заштитен знак се големите очила за сонце.
Роже Федерер: На второто место на листата на најелегантни мажи се најде познатиот тенисер Роже Федерер. Иако сме навикнати да го гледаме во бели спортски комбинации на тениските терени, во приватниот живот швајцарскиот тенисер е навистина елегантен.
Барак Обама: Претседателот на САД Барак Обама се најде на третото место на оваа листа. Тој во својот гардеробер има луксузни одела кои се шиени специјално за него. Третото место го заслужи и заради својата атлетска градба.
Бред Пит: Познатиот актер Бред Пит се најде на четвртото место. Тој е познат по промовирањето на нови трендови и по фактот дека секогаш е еден од најдобро облечените мажи на гламурозните настани.
Хакон: На петтото место на оваа листа се најде норвешкиот принц Хакон, кој секогаш е елегантно облечен.