Мажите многу често немаат доволно храброст да ја раскинат врската, па наместо вистина тие често знаат да се послужат со некоја провидна лага.
Сигурно имате чуено некоја од следниве реченици. Колку да ве убедувал вашиот партнер дека тоа е вистинската причина бидете сигурни дека вистината е сосема друга.
Заслужуваш некој подобар – ако ги изговорил овие зборови тогаш вие навистина заслужувате подобар, но зарем не треба вие сами да одлучите за тоа? Вистина веројатно е дека тој сака да најде подобра, но се плаши тоа да ви го каже.
Премногу те сакам – вистинска мелодрама е оваа реченица, а во неа веќе ни тинејџерките не веруваат.
Ми треба повеќе простор – нејасна реченица преку која мажите сакаат да кажат: досадно ми е, сакам нешто поинтересно, повозбудливо, сакам да излегува со други девојки…
Морам да се концентрирам на работата – дали навистина ќе поверувате во ова. Дали тој вистински сака да се посвети на работата или само елегантно да збрише?
Одиме премногу брзо – кога парнерот несака да се врзува или пак не ја сака доволно парнтераката па несака прерано да се врзе.
Морам да се пронајдам себе – филозоф и кукавица кој никогаш нема да биде спремен да се соочи со партнерката и да ги каже вистинските причини за раскинување на врската.