„Немам посетено ниту една “бунга бунга“ забава на Берлускони“, изјавил познатиот холивудски актер Џорџ Клуни, откако одбраната на италијанскиот премиер го повикал како сведок во судскиот процес кој се води против италијанецот.
„Со првиот човек на италијанската влада се сретнав кога сакав да испитам дали има можност нивните хеликоптери да се за хуманитарната криза во Судан“, додал Клуни.
Американецот ги негирал гласините кои ги пласираше Руби, проститутката која тврдеше дека на една од забавите на италијанскиот премиер присуствувал и Џорџ Клуни. Иако изјавил дека не присуствувал на оргиите, Клуни сепак ја посетил спалната соба на италијанскиот премиер.
„Ме одведе во неговата спална соба и ми го покажа креветот кој му е подарок од Владимир Путин. Иако во посета тогаш стигнав за да решиме некои сериозни проблеми, италијанскиот премиер сакаше и да се дружиме малку. Тоа беше неверојатна ноќ, раскажал Клуни за Тајм магазинот.
„Ме молеше да дојдам на забава“, но јас учтиво ја одбив поканата. На крајот холивудскиот актер изјавил дека со задоволство ќе сведочи во корист на италијанскиот премиер.