Познатата актерка Џенифер Анистон во интервју за магазинот „Ел“ признала дека гаѓала режисер со стол бидејќи бил безобразен.
„Да, гаѓав еден режисер со стол. Не се гордеам со тоа. Беше безобразен со сценаристот и кога го видов го гаѓав со стол, но промашив. Не може да разговара така со луѓето, нема да го толерирам тоа“, изјавила познатата актерка.
Во интервјуто Анистон вели дека не брза да има деца, дека прифаќа се што и носи иднината и дека ужива во нејзината врска со колегата Џастин Теру.
„Не сум очајна. Ако ми е судено да имам деца, така и ќе биде. Помирена сум со судбината, каква и да е таа“, вели Анистон.
Па добро, не е дека и се брза, сепак има само 42 години. За разлика од неа, нејзиниот поранешен сопруг има шест деца со неговата партнерка Анџелина Џоли.