Кинескињата Ма Јеи без никакво помошно јаже ниту опрема, го искачи ѕидот на дворецот Цонгхау, кој е висок 22 метри. На запрепастените туристи им кажала дека ѕидот го искачува уште како мала за да не мора да плаќа карта за влез.
Кога други туристи се обиделе да го направат тоа, не им успеало. Некои паѓале и кршеле нозе, а за други морале да интервенираат спасувачките екипи.
„Таа го искачуваше ѕидот со неверојатна прецизност и сето тоа изгледаше многу лесно. Но кога дел од туристите се обидоа да ја следат, видоа дека тоа не е воопшто едноставно“ – изјавил еден турист.