Нема причина поштенските сандачиња да бидат сиви, лимени кутии, а тоа најдобро го знаат авторите на овие креативни сандачиња кои стекнуваат внимание со изгледот и духовитите пораки.
Поштенското сандаче може да стане предмет на кој ќе ја изразите својата креативност и на кој ќе ја истакнувате вашата личност, а ако имате згоден поштар, може да ви послужи и како ефикасно средство за заведување.
Најверојатно не ви е јасно за што зборуваме, но жителите на далечната Америка одамна ја сфатиле важноста на овој безличен предмет. Малку фантазија и многу хумор им било потребно поштенските сандачиња да ги трансформираат во прави мали ремек-дела, кои заслужија да се најдат во нашата кул галерија.