Жените кои имаат малку шминка на себе изгледаат поубаво од оние кои немаат воопшто, а тие кои се нашминкани за вечерно излегување се најпривлечни, но оставаат впечаток на лицемерни и себични карактери.
Постои тенка линија измеѓу доволно и премногу употребен „мејк ап“ и таа мера влијае на убавината но и начинот на кој нас не доживуваат другите, открива здружената студија на Универзитетот Харвард, Универзитетот Бостон, компанијата Проктер-ен-Гембл и на болницата Масачусетс. Испитувачите ги анализираа фотографиите од жените во четири различни изданија: без шминка, природен изглед со малку шминка, нашминкани за на работа и со пренагласена шминка за вечерна забава.
Притоа го проценуваа впечатокот кој го остава секоја од нив поединечно, дали изгледа привлечно, способно, симпатично и примерно. Истраќувачите открија дека жените кои на себе имаат многу шминка изгледаат попривлечно, но и лицемерно и нечесно од оние со малку шминка.
„ Ова може да и помогне на жената во случај кога поднесува молба за работа или слични документи, така да знаат и во која прилика да ја намалат шминката, а во која повеќе да ја истакнат“ се изјасни раководителот на студијата Ненси Еткоф.