Нема да доживеете втор состанок ако на првиот ви пришол на 7 погрешни начини

popara9 октомври, 20111min00
Sostanok

Првиот одлучувачки состанок: Зборење за неуспешни раскинувања, разни трауми, премногу алкохол, неплаќање на сметката или „полициско испрашување“ ќе го расипе првиот состанок.

При првиот состанок ретко некој сака да слуша за драматични раскинувања. Ако почнете да раскажувате за поранешните врски, ќе покажете дека со себе носите емоционален товар. Истото се однесува и за откривање на тажните животни приказни. Плаќањето е строго забрането, а солзите се дозволени само во случај доколку премногу се смеете. Неколку чаши алкохол секако дека ќе ја намалат напнатоста, но доколку претерате и па да се опиете, веројатно ќе почнете да се однесувате премногу слободно па ќе оставите погрешен впечаток.

Пожелно е на првиот состанок да не поставувате „полициски“ прашања, со кои ќе оставите впечаток на опседната личност. Разговорот треба да тече природно, да биде сосема едноставен и интересен. А за тоа сигурно нема да допринесе зборувањето или преокупирањето со мобилниот телефон, па затоа најубаво е да го исклучите. Ако и на самиот почеток не ви се допаѓа местото каде ќе се одвива состанокот, немојте во никој случај да се претварате во размазена личност која прибира, туку обидете се да однесувате дека баш ви е забавно.

Вистинската опасност е на крај. Неплаќањето на сметката на првиот состанок, кај машките остава впечаток на  скржавост, а по тоа тешко дека би следел втор состанок.

Значи уште еднаш да ги потенцираме работите кој не смеете да ги направите на првиот состанок:

1. Зборење за поранешните врски. Ова е строго забрането.

2. Конзумирање премногу алкохол. Некоја чаша повеќе нема да ве направи заводник туку алкохоличар кој губи контрола.

3. Себичност. Тоа сигурно ќе го „убие“ следниот состанок.

4. Емоционални излети и тажни приказни. Сигурно потенциалниот партнер нема да го освоите со солзи и драматични исповеди.

5. Премногу испрашувања. Можат да предизвикаат незгодни моменти, а таквиот разговор е досаден.

6. Потенцирање на „препотентноста“. Тоа дури ќе ја загуши и вашата убавина и духовитост.

7. Зборење или пишување пораки на мобилен. Максимум невкусно и ве „дисквалификува“ во старт.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma