Африка е втор по големина континент на светот, кој е богат со географски и културни различности. Таму главниот оброк во денот е ручекот, кој обично се состои од мешани зеленчуци, житарици, а понекогаш и месо. Месото е помалку застапено заради економските ограничувања. Месото од коза и овца е скапо, па затоа овие намирници се само за посебни денови. Африка не изобилува со месо, но затоа е богата со риба која ја има во огромни количини во крајбрежните подрачја и во многуте езера, па затоа и Африканската диета се основа на риба. Комбинирањето на различни намирници, кои се конзумираат во Африка, се нарекуваат гулаш. Тоа е каша од коренските зеленчуци, како што се житариците, пченката и просото. Традиционалниот начин на подготовка на храната ги вклучува и готвењата на пареа, пржење на масло, вртење на скара, пржење на оган или печење во пепел. Овошјето и зеленчукот во африка го вклучуваат бананите, ананасот, папајата, мангото, рајчицата, морковот, лукот, компирот и зелката. Африканската диета се темели на житарици и риба.
На истиот начин како што се исхрануваат во Африка така треба и вие. Главна храна се житариците, кашата о рибата. Наведената храна може да се јаде во неограничени количини. Ретко се јаде месо, така да можете да го конзумирате еднаш во неделата. Сето останато што не е наведено е забрането. Па така не смеете да јадете многу леб, или брза храна итн. За ова се подразбира и многу зачини како што е шеќерот.
Оваа диета е доста ефикасна, но не се препорачува бидејќи не е врамнотежена. Во организмот не се внесуваат доволно витамини, минерали и протеини што може да доведе до разни болести. Недостатокот на витамини, јод и железо може да доведе до оштетување на видот и анемија.
Заклучок: Иако диетата е ептен ефикасна и лесна за држење ( треба да јадете храна која се практикува во Африка и тоа во неограничена количина ) не се препорачува заради досега наведените причини.