Тел Авив – најголемиот еврејски празник Јом Кипур заврши во саботата вечерта со зајдисонцето, по што животот почна да се враќа на израелските улици, пренесува верската информативна агенција (VIA).
За време на прославата на Јом Кипур или „Судниот ден“ луѓето не консумираат храна, ниту пијалоци, а се треба да биде во мирување, поради што на улците можеле да се забележат само возилата на полицијата и брзата помош.
По завршувањето на Јом Кипур повторно е пуштен градскиот сообраќај, а на патиштата во Израел повторно има возила, а за време на празникот улиците им припаѓаа само на велосипедистите, особено децата.
За време на празникот, според извештаите биле повредени 60 деца, поради пад од велосипед, а две биле оперирани. Аеродромот Бен Гурион исто така не работел.
Најмирниот ден во Израел не поминал без неколку тепачки, но убиства и поголеми грабежи немало.
„Речиси сите криминалци го почитуваат празникот“, изјавил еден официјален израелски претставник. Колку проценти од населението постоело не е познато, но нивниот број во изминатите неколку години паѓа, наведуваат од VIA.