Кујната која е преставена на последниот Desing Show во Лондон, а го носи името Colosseo Oro е најскапа кујна во светот, а има и зашто… затоа што целата е во злато.
Производителот до сега има направено само десетина кујни од злато. Кујните се обложени со 24 каратно злато, крокодилска кожа, Сваровски кристали, Венецијанско стакло и работна маса која е лакирана 12 пати пред да го добие конечниот изглед.
Златните кујни имаат се што е потребно да има една современа кујна. Опремени со најсовремена технологија и бела техника, гарантираат дека современата домаќинка ќе биде повеќе од задоволна со својата кујна.
Цената на овој вид на кујни изнесува нешто над 300.000 евра.
Доколку сакате и вие крај вас да имате задоволна домаќинка и ако имате паричка повеќе, а не знаете каде да ја потрошите, побрзајте останаа уште 4 кујни за продажба. :):):)