Убавото деколте е сонот на секоја жена, без разлика дали градите се мали големи, на нивниот изглед треба постојано да се работи. Ако сакате вашие гради да зајакнат и да изгледаат поцврсто и убаво, потребно е да ги вежбате правилните мускули. Станува збор за вежби кои можете да ги правите секојдневно дома, а потребно е да одвоите само 15 минути во текот на денот.
Одбивање на дланките – споете ги дланките во висина на градите и подигнете ги лактите. Силно притиснете ги дланките, останете во таа положба неколку секунди па опуштете ги мускулите. Постапката се прави во серии 10 пати.
Буткање на потлактицата – застанете исправено, а рацете поставети ги покрај телото. Со дланките фатети ги подлактиците, стиснете ги рацете туркајќи кон лактовите, потоа опуштете. Повторете ја вежбата 2 пати во серија од 10.
Преплетени прсти – испреплетете ги прстите на левата и десната рака во висина пред градите и подигнете ги лактите. Повлекувајте ги рацете секоја на своја страна и останете во таа положба неколку секунди. Вежбата повторете ја 10 пати.
Фрлање на рацете – станете исправено со рацете во положба во висина на рамениците, свиткајте ги лактите и стиснете тупаница. Тогаш исфрлете ги лактовите кон нанадовор најмногу што можете. Повторете ја вежата 10 пати.
Одбивање од ѕид – со двете дланки потпрете се на ѕид со благо свиткани лакти. Постепено почнете да се отуркувате од ѕидот, и враќајте се во истата положба. Потоа опуштете ги мускулите и повторете ја вежбата 10 пати.