Емир Кустурица: Косово за србите, како Холивуд за американците!!!

popara9 октомври, 20111min00
FRANCE-FILM-FESTIVAL-CANNES

Познатиот режисер Емир Кустурица изјавил во интервјуто за белградската ПОлитика дека за Косово треба да се борат, бидејќи тоа е прашањето на митологија е клучно за опстанокот на еден народ.

Косово како Холивуд

„Митолошката димензија на Холивуд е всушност таа која обезбедува симболично ниво на американската нација, така што Косово е нешто од кое не треба никогаш да се откажуваме, по никоја цена“, изјавил Кустурица.

Во обидот да го објасни тешкото косовско прашање тој додал дека тука „тешко е да си паметен“, додавајќи дека преку Косовското решение ќе се реши и едно крајно замрсена светска состојба. „Геостратешки цели се остваруваат преку Косово, зад наш грб“, порачал тој.

Каква е таа Европска Унија која ги прима Романија и Бугарија, пред Србија и Хрватска?

На прашањето за ЕУ, изјавил „дека тој е Европјанин што се однесува до него“, но дека има проблеми да ја сфати Европа. Тоа што Романија и Бугарија, влегле во ЕУ пред Србија и Хрватска, го наведува да мисли дека ЕУ ја интересираат геостратешки, односно воени прашања, отколку она на што другите се надеваат.

Не му дошло убаво ни прашањето за акцијата на српските хакери, кои на денот на доделувањето Нобелови награди за книжевност објавиле дека добитник е Добрица Чосиќ.

„Зошто го напаѓаат Добрица? Затоа што ги загрозува со својот талент?“

„Во србија многумина работат на големи историски разузнавачки задачи, само за да го уништат секој оној кој некако допринел за опстанокот на нашиот народ. Така гледам на оваа приказна за Чосиќ, тие сакаат да ги тргнат сите оние покрај кои неможат да живеат, бидејќи со своите таленти ги загорозуваат“, заклучил Емир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma