Рибен педикир е вистински хит во Чешка, каде владее огромен интерес за овој начин на одржување на стапалата. Откако муштериите ќе ги стават нозете во базен со вода, рибите од видот кангал, познати и како доктор риби се ставаат во базе и ја гризат мртвата кожа на стопалата, а на тој начин прават педикир.
Рибниот педикир има и некои славни лица кои го практикуваат, како на пример Анџелина Џоли. Таа неодамна изјавила како ужива во тој вид на негување на стапала, а плус тоа многу им се допаѓало на нејзините деца Медокс и Пакс, кои сакаат рибите да им ги грицкаат стапалата и да ги скокоткаат.
Рибите од видот кангал се користат и за медициснски цели во Турцоја, каде на ист начин им помагаат на луѓето кои имаат псоријаза. Тие се хранат исклучително со мртвата кожа од телото, додека здравата не ја допираат.