И покрај заканите кои ги добивал преку e-mail од страна на продуцентската куќа Емоушн, поради тоа што барал издавач за неговиот нов деби албум, поранешен учесник во “Операција Триумф” успеал на својата публика да им поклони бесплатен албум.
За новите песни, но и судирот со “Емоушн”, поранешениот учесник во “Операција Триумф”, зборувал на својата промоција на нновиот албум, на која присуствувале, Зорица Брунцлик, Кемиш, Оливер Мандиќ, Ана Кокиќ, Милена Цераниќ, Нигор, Оги Радивојевиќ, Саша Драгиќ …и др.
– Без оглед на која издавачка компанија да сум се обратил, од Емоушн пристигнуваа заканувачки писма. Тие тврдеа дека имам договор со нив, но тоа не е точно. Издадов бесплатен албум “Pesmom kroz zid”, кој има девет песни, вклучувајќи и два дуети, изјавил Сајко, а потоа открил дека ќе се испроба и како Формула 1 возач во Англија.
– Избран сум оваа година да ја претставувам нашата земја во “Џони Вокер животно возење” и многу ми е драго што ќе се запознаам со шампионите од Формула 1, изјавил Сајко.