Уште од 2007 година, на 11 годишниот Harry Moseley му беше дијагностициран рак. Од тогаш ова момче водеше непрекината борба со оваа болест. Во август оваа година момчето падна во кома, а во саботата вечер животот на храброто британско дете згасна.
По потекло од Бирмингем, ова дете својата популарност ја стекна по присуството на социјалните мрежи, особен онаа на Твитер каде постојано собираше добротворни донации во борбата против ракот за разни лица.
Многу познати лица му оддадоа почит на храброто 11 годишно момче, додека британската организација Cancer Research UK, го нарече момчето, инспирација за сите, пренесува Би-Би-Си.
„Хари беше одлично момче и толку многу постигна за своите 11 години. Уживав на средбите со него и горда сопственичка сум на една од неговите нараквици“, изјавила Сара Браун, споругата на поранешниот британски премиер Гордон Браун.
„Хари беше инспирација не само за младите деца туку и за возрасните луѓе, со сите негови напори да ја подигне свеста за ракот, преку својата кампања „Помогнете му на Хари за да помогне тој на другите“, истакнал Ричард Тејлор, извршниот директор на маркетинг во Cancer Research UK.
Хари сам ги изработуваше нараквиците и желбата му била секој оној што ќе ја купи да биде горд што ја има. Го допре до срцата на милиони луѓе и успеал да промени многу работи околу себе. Сочуство до неговото семејство доаѓа од сите страни на светот.