Направете си купка за стапалата, сами направете си педикир, внимавајте чевлите да бидат со соодветна големина, понекогаш одете боси и повремено вежбајте – стапалата ќе ви бидат благодарни
Жените кои ретко носат високи потпетици, чувствуваат голема болка за време на нивното носење, за разлика од оние кои често носат потпетици. На високи потпетици глуждот е неколку сантиметри над тлото, поради што мускулот мора да работи уште побрзо за нормално да чекорите. Тогаш мускулот на листот контрахира. За да ги смалите болките во иднина, добро е да почнете со вежби за да ги зајакнете листните мускули, повеќе одете, подигнувајте се на прсти со петите на ѕидот или почесто одете по скали, советува ортопедот Стефан Стреин.
Навикнувањето започнува со потпетица од средна висина
Најдобро е потпетиците да се носат често за да телото се навикне на интензивната работа на мускулите. Комбинирањето високи и ниски потпетици делува разорно на мускулите на листовите. Треба да носите потпетици од средна висина, во поголемиот дел од денот, потоа повремено високи, па на тој начин вашето тело полека ќе се навикне, а потпетиците не би предизвикувале толкава болка, истакнува Стреин.
За удобноста тука се дебелината на потпетиците и силиконските влошки
Вистинската големина е важна. Вашите прсти треба да имаат простор. Ако носите „шпиц” чевли, стегањето треба да дојде по прстите, за да не предизвика притисок и нивно свиткување. За ублажување на болката ќе помогнат и силиконските влошки, а стапалото нема да ви се излизгува. Освен тоа, подебела е петата, поради поголемата површина, подобра е за мускулите на ногата, затоа што е постабилна од тенката, напоменува Стреин.
Вежби за циркулација по долгиот ден (ноќта) на потпетици
Истегнувањето на ногата и стапалата по носење на потпетици е добро и за мускулите и ја подобрува циркулацијата на крвта. Во тоа може да ви помогне и јога. Седнете на под и пробајте да ги допрете ножните прсти. Нозете треба да бидат рамни, а телесната тежина треба да се користи како подлога. Полека наведнете се и задржете се така 5 или 10 секунди. Вежбата повторете ја 3 пати.
Исто така, можете да ја подигате ногата од под и мрдајте со прстите на ногата. Оваа вежба ја подобрува циркулацијата на крвта во нозете.
Купка за уморни нозе
Топлата купка е одлична за болните мускули. Ќе помогне и природна сол за бањање која е богата со природни минерали, вклучувајќи магнезиум и сулфат. Кожата така ќе апсорбира магнезиум кој помага во обновување и изградување на ткива.
Разнежнете со сопствен педикир
Оставете малку време и за стапалата. Направете педикир сами. Внимателно исечете ги ноктите за да не ви зараснат во месо. Стапалата намачкајте ги по купката, бидејќи тогаш порите се отворени и моќта за впивање е најголема. Ако не ги намачката стапалата, кожата може да пука и да стане болна на допир. Најмногу се чувствителни петите и прстите.
Посета на доктор
Тврдата кожа и плускавците можат многу да бидат опасни затоа што ја смалуваат флексибилноста на стапалата. Ако забележите здебелување со необична боја на вашата кожа, посетете доктор, советува ортопедот Стреин.
Босоног рај
Најдобар начин за вашите стапала да се одморат е да одите боси. Дозволете си еден ден да одите боси низ куќата – стапалите ќе ви бидат благодарни, тврдат ортопедите.
Ако ништо друго не помага…