Bentley Mulsanne

popara10 октомври, 20111min00
0

Bentley Mulsanne е луксузен автомобил произведен во Велика Британија, од Bentley Motors. Името потекнува од тркачкото педигре на Bentley на „24 часа Ле Ман.” Mulsanne има четири врати, и го задржа иконскиот 6,75 L, V8 мотор, со моќност од 505 коњски сили. За разлика од другите модели, овој мотор е полесен и модифициран со цел да ја намали потрошувачката на гориво.

Цената на овој модел е 220.000 фунти, вклучувајќи даноци и трошоци за испорака. Проценето е дека изработката на секој автомобил е околу 9 недели, а купувачите имаат избор од 114 бои за надворешниот изглед, 21 боја за внатрешноста, 9 избори на дрво и 24 модели за избор на кожа, со што имате можност колата да ја обликувате по ваш избор.

Bentley Mulsanne е долг дури 5,575 метри, широк 2,2 метри и висок 1,5 метри. Тежок е 2600 килограми. Првиот модел беше продаден на аукција во организиран настан на Pebble Beach, и тоа за 550.000 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma