Бизарни работи кои некогаш биле легални

popara10 октомври, 20111min00
mom slap kid

Законот си е закон, и секогаш треба да се надополнува и надоградува. Погледнете кои се бизарни работи биле легални во минатото. Да ти се крене коса на глава…

Злоставување на деца: Првата личност која е осудена за злоставување на дете била жена од САД во 1874 година. Судот ја казнил со парична казна бидејќи во напад на бес го натепала своето дете. Тоа што е бизарно во овој случај е фактот дека судот ја донел својата пресуда врз закон кој забранувал злоставување на животни. Се дотогаш, се сметало дека родителите имаат право како сакаат да ги воспитуваат своите деца, макар тоа вклучувало и физичко малтретиране, популарно наречено „ќотек“.

Лоботомија: Да разјасниме, под лоботомија не разбираме сосема легален медицински зафат на бушење на черепот заради спасување на човечки живот, на пример доколку станува збор за отстранување на тумор. Станува збор за присилен чин со кој се „лечеле“ ментално болните луѓе. Можеби ви звучи сурово, но до 1960, лоботомијата била најпопуларен начин за лечење на луѓето со ментални пореметувања.

Убиство: Убиството денес во сите земји е казниво со закон, иако некои држави го задржаа правото да спроведуваат смртна казна. Сепак, во минатото убиствата не само што биле легални, туку некогаш биле и пожелни. На пример, во 19 век американската влада парично ги наградувала оние кои убиваат индијанци. Исто така, афроамериканците биле сметани за робови, што значи биле во сопственост на својот газда кој имал право да ги убие доколку сака.

Конзумирање алхокол додека возите: Замислете, иако алхоколот е причина број еден за сообраќајни несреќи ширум светот, во САД не постоел ниту еден закон кој забранувал возење и пиење алкохол во исто време. Доколку ве фатела полиција со шише виски во рака, не ви можеле ништо. Исто така, наместо алкотест односно да „дувате“, се што треба да направите било да ја изрецитирате азбуката, и може слободно да ја продолжите, иако сте „даска“ пијан.

Брак со близок роднина: Инцестот и браковите помеѓу блиските роднини биле честа појава во човечката историја, особено помеѓу кралските семејства кои сметале дека на тој начин ќе ја зачуваат својата сина крв. Тоа е главната причина зошто многу деца кои се раѓале во кралските семејства имале некој вид на физичка или ментална деформација. Откако медицината докажа дека инцестот има бројни негативни последици, во повеќето земји ширум светот бракот со блиски роднини беше забранет.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma