Навалија холивудските актери на Балканот – и Брус Вилис ќе доаѓал од САД во Нови Сад!!!

popara11 октомври, 20111min00
BRUS UMRI MUSKI

Продуцентите на филмската сага за детективот Џон Меклекјн викендов го посетија Нови Сад и разгледаа повеќе објекти каде би можеле да го снимаат новиот филм. Една од новите локации е и градата на Владата на Војводина.

„Нивната посета беше скриена од очите на јавноста на нивно инсистирање, а тие дојдоа да видат какви услови нуди Нови Сад и околината за сминање на петтиот дел на „Умри Машки“. Дојдоа од Будимпешта каде исто така разгледуваа локации, па сеуште не сме сигурни дека ќе се одлучат за Србија“, изјавил претставник на српската филмска екипа.

Се претпоставува дека Брус Вилис ќе ја репризира улогата на Џон Меклејн, па доколку бидат издбрани, србите ќе имаат можност да му бидат домакини на легендарниот холивудски актер.

Во Нови Сад не е ништо ново да видите по некој познат глумец. Минатата година во Нови Сад се снимаше филмот за Едгар Алан По, кој го толкуваше Џон Кјузак.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma