Сите љубовни манипулации кои партнерите ги користат на почетокот на врската

popara11 октомври, 20111min00
Dealing_With_a_Jealous_Partner_H-700311

Еден од партнерите редовно се обидува да го „истражува” теренот со тоа што нема да се јавува, предизвикувајќи љубомора или заладувајќи ги односите, а редовно не сфаќа колку тоа штети на односот…

Љубовта често во луѓето предизвикува потреба за „игри” со кои партнерите сакаат да ја тестираат длабочината на своите, и чувствата на партнерот, тврдат психолозите. Се служат со разни методи, а обично со нив се служат во првите фази на односот додека сеуште го „испитуваат теренот.” Таквото тестирање, според психолозите е своевидна манипулација. Оној кој тестира испитува колку партнерот е љубоморен, посесивен, увредлив, и колку го сака. Но треба да се запрашате дали е тоа во ред, бидејќи оној кој ги форсира ваквите тестови многу лесно може и да го уништи односот.

Тест бр. 1: Изненадно оладување

Ви се чини дека сте совршен пар, често се гледате и слушате… Но, изненадно вашиот партнер или партнерка престанува да ви се јавува и ви се чини дека цела „работа” во врската  е на вас и дека само вие се трудите. За оној кој помалку се јавува и состанува, заинтересираноста на другиот претставува вистински доказ на заинтересираност.

Тест бр. 2: Случајно запознавање на фамилија или пријатели

Доколку изненадно се сретнете со членовите на неговата фамилија или блиски пријатели, а партнерот внимателно го надгледува вашето однесување, можно е тоа сретнување да не било баш случајно. За него вашето однесување открива дали сте спремни за врзување, т.е во врска со него, дали ви е незгодно и сакате што побрзо да избегате, што пак може да се протумачи како бегање од врзувањето.

Тест бр. 3: Намалување на важноста на вашиот однос

Ова е една од најчестите манипулации на почетокот на врската. Еден од партнерите има честа потреба да истакнува дека сега се забавувате, а после ќе видите што ќе биде, иако во се, се однесувате како прав заљубен пар. Ако се сложите со него или поради сопствена повреденост кажете нешто уште полошо од тоа, може да погрешите, затоа што во овој случај, партнерот очекува љубовна изјава. Но притоа тој не разбира колку ова штети на вашиот однос, бидејќи оденсувањето на едниот резултира со рефлектирачко однесување на другиот, без разлика на емоциите.

Тест бр. 4: Предизвикување љубомора

Ве повикува на забава на која ќе биде и неговата бивша љубов, а истата вечер помине повеќе со неа него со вас, најверојатно ја тестира вашата граница на љубомора. Наместо демонстративно да си заминете, дајте му до знаење со смирен тон како вас такви игри не ве интересираат, и како не е проблемот во тоа што разговара со други, туку во тоа што ве запоставува вас.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma