Права уметност :)) планира да се породи на театарска сцена и тоа пред публика :))

popara11 октомври, 20111min00
naslovna

Уметникот Марни Котак (36) од Њујорк, одлучила своето прво дете да го роди на сцена пред публика во галеријата Микроскоп. Се до раѓањето ќе преноќува во галеријата, а посетителите кои сакаат да дојдат да го видат “настапот” под наслов “Раѓањето на дете X”, ги предупредила дека може да роди во секој час. Инаку, терминот за раѓање е за пет недели. Марни исткнува дека раѓањето на детето е “највисоко ниво на уметност”.

-Сенадевам  дека публиката ќе забележи дека човечкиот живот е најдобро уметничко дело. На јавно породување се одлучив за да докажам дека реалниот живот е најдобро уметничко изразување. Не се плашам, бидејќи околу себе имам прекрасни луѓе кои ми помагаат, изјавила Котак. Таа додава дека е малку нервозна поради тоа што наскоро ќе стане мајка, но смета дека тоа  нормално. Сепак, таа истакнува дека дека исто би се чувствувала и ако се одлучела да се проди во болница, пишува Daily Mail.

Марни Котак веќе го испланирала и следниот нејзин проект кој го нарекува “Одгледување дете X”. Таа се обидува и одгледувањето деца да го претвори во вистинска уметност.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma