Биг Бен, легендарнaта саат кулата во Лондон, секоја година се повеќе и повеќе се накривува, што веќе е видливо и со голо око, велат експертите.
Врвот на кулата сега е накривен речиси половина метар, а причина поради тоа е основата која постепено тоне во земјата, но повеќе на северната страна. Ова се должи на градежни работи кои биле изведени во минатите години под саат-кулата која е висока 96 метри, и чија изградба била завршена во 1858 година. Под кулата се копало за изградба на фекалната канализација во 1860 година, исто така изградбата на познатата подземната железница District Line, па се до подземното паркиралиште на парламентарните претставници во седумдесеттите години на минатиот век.
Подземни линии
Уште еден проект кој ги затресол темелите на Биг Бен е изградбата на подземната линија Jubille Line во 1990-тите. Тогаш проектантите користеле специјална техника за заштита на Биг Бен со инсталирање на бетонски плочи под темелите, но сепак кулата продолжила да се накривува.
Истрагата која ја била спроведена од страна на Лондонската подземна железница и Парламентарниот оддел за сопственост, покажало дека движењето на Биг Бен се интензивирало во последните неколку години.
Од 2003 година, уредите откриле дека кулата секоја година дополнително се накривува за 0,9 милиметри, и сега е накривена кон северо-запад за 0,26 степени. Во споредба со познатата кула во Пиза која е накривена околу 4 степени.
Граници на сигурност на кулата
Истрагата исто така покажала дека накривувањето се уште е во безбедни граници, но исто така било предупредено дека во долните простории во Долниот дом на парламентот некои од ѕидовите биле напукнати и ако продолжи да се накривува со ова темпо би можело кулата да се сруши. Сепак, експертите изјавиле дека пратениците во Британија можат да се опуштат. Со ова темпо на накривување кулата би можела да се сруши за неколку илјади години.