Фокс се договори со глумците, ќе има уште 2 сезони на Симпсонови

popara11 октомври, 20111min00
simpsons

Глумците кои ги позајмуваат гласовите во анимираниот серијал требаше да го смалат хонорарот за дури 45%. По жестоките преговори за хонорарите на глумците кои ги позајмуваат гласовите на ликовите во популарната анимирана серија, телевизиската куќа 20th Century Fox објави дека сепак ќе продолжи со снимање на Симпсонови. Иако Fox првично на глумците сакаше да им го намали хонорарот за дури 45%, глумицте беа спремни да го намалат за не повеќе од 30%. Но, очигледно тие успеале да постигнат договор кој е задоволувачки за двете страни, па најавуваат и снимање 2 сезони.

Инаку, секој од глумците кои ги позајмуваат гласовите на главните ликови, наводно заработуваат по 8 милиони долари годишно за околу 22 недели работа. Сега, со оглед на смалувањето на хонорарите, секој ќе заработува по 4 милиони долари.

Да се потсетиме, Симпсонови се најдолго емитувана анимирана серија во теливизиската историја и и донесоа милиони на компанијата 20th Century Fox. Членовите на актерската екипа се: Ден Кастеланета, Џули Кавнер, Ненси Картврајт, Јердли Смит, Хенк Азариа и Хари Ширер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma