Есента е период на многу настинки и вируси, па затоа решивме да ви дадеме неколку совети како да останете здрави во овој период.
- Следете ја временската прогноза: Не излегувајте надвор доколку не сте соодветно облечени. Иако ви се чини дека летото само што помина, есента носи променливи температури кои се една од главните причини за настинките. Доколку излегувате од дома, понесете со себе нешто топло за облекување, затоа ушто дневната и ноќната температура се разликуваат за околу 15 степени.
- Пијте напитоци со витамини: Доколку немате време да приготвите свежо изцеден домашен сок, купете некој сок кој содржи витамин Ц или комбинација на витамини. Погрижете се секојдневно да ја внесувате препорачаната доза, затоа што витамините се првата линија на одбрана против вирусите.
- Чај место кафе: Барем една шоља кафе заменете ја со топол чај, по можност засладен со мед.
- Намалете со газираните пијалоци: Доколку внесувате помалку газирани пијалоци кои само ви го дуваат организмот, ќе оставите повеќе место за природен и здрав сок.
- Што ако се разболите: Доколку се разболите, веднаш на лекар. Покрај препишаните апчиња, секојдневно јадете топла супа, пијте чај и внесувајте ударна доза на витамини. И најважно, не одете на работа. Така и вам ќе ви биде полошо, а ќе ги заразите и вашите колеги.