Ослабете без броење на калории!!!

popara12 октомври, 20111min00
dieta

Диетите често не ограничуваат во поглед на исхраната, односно ни кажуваат што смееме, а што не да јадеме. Но, последните истражувања покажаа дека повеќе се слабее доколку направите неколку промени во начинот на исхрана, отколку во самиот вид на храна што ја внесуваме. Еве ви неколку совети за тоа како да се ослободите од лошите навики кои дебелеат:

Користете помала чинија: Во помала чинија храната изгледа многу поголемо, што ни дава психички сигнал за ситост и помалку јадеме.

Користете голема вилушка: Според последните истражувања, луѓето кои користат мали вилушки јадат значително повеќе од оние кои користат големи вилушки, затоа што побавно чувствуваат ситост.

Јадете со мажи: Доколку сте жена, обидете се барем еден оброк во денот да го јадете во друштво на мажи. Истражувањата покажаа дека жените во друштво на мажи јадат побавно и внесуваат помали залаци, што значи помалку калории.

Прочитајте ги информациите за производот: Истражувањата покажаа дека оние кои ги читаат информациите за производот јадат помалку од оние кои не го прават тоа, најверојатно затоа што се свесни за калориите и енергетската вредност кои ги внесуваат со својот оброк.

Пијте вода пред јадење: Пиењето вода пред оброк не само што ќе ве засити и ќе ви го намали апетитот, туку и ќе ве прочисти.

Скријте ги калоричните грицки: Доколку ви се на дофат на раката, нема да одолеете на калоричните грицки. Но според истражувањата, доколку треба да вложите напор за да ги земете, шансите се големи дека ќе се откажете од идејата.

Избегнувајте светло ноќе: Доколку сте пред телевизор или компјутер во времето кога на вашето тело му треба сон, имате двојно поголема шанса да се здебелите отколку оние кои го користат времето да се наспијат.

Внимавајте на слаби пријатели кои многу јадат: Човечкиот метаболизам е различен кај секого, а сите имаме пријатело на кои им завидуваме затоа што, и покрај тоа што „јадат за тројца“, имаат совршени тела. Во нивно друштво имаме чувство дека нема да се здебелиме што и да јадеме.

Избегнувајте ги рекламите за вежбање: Иако звучи нелогично, сепак рекламите за вежбање и спортување често имаат негативен ефект. Всушност, кога ги гледаме, добиваме желба да ослабнеме, па затоа веднаш потоа јадеме бидејќи се убедуваме дека наскоро ќе започнеме диета. А во 99% од примерите, желбата за вежбање поминува по кратко време.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag