Големата Исаија Списа (1QIsaa) е една од оригиналните седум списи пронајдени во Мртвото Море во Кумран во 1947 година. Претставува најголемата (734 см) и најдобро зачуваната списа од сите библиски списи како и единствената што е речиси завршена. 54-те колони содржат 66 поглавја на Хебрејската верзија на библиската Книга на Исаија. Датира од околу 125 година п.н.е., и претставува една од најстарите списи од Мртвото Море, некои илјада години постара од најстарите ракописи на Хебрејската Библија.
Верзијата на текстот е генерално во согласност со Масоретската или традиционалната кодирана верзија со средновековни шифри, како што се Алеп Кодексот, но содржи неколку варијанти на читање, алтернативни правописи, печатни грешки и корекции. За разлика од поголемиот дел од библиските списи од Кумран, оваа списа содржи целосен правопис. Околу дваесет дополнителни копии од Книгата на Исаија, исто така, се најде на Кумран (уште еден примерок бил откриен на југ на Вади Мурабаат), како и шест објаснувања (коментари) врз основа на книгата; Исаија е исто така често цитиран и во други списи (исто така претставува книжевен и религиозен феномен, присутен во списите на Новиот Завет).
Авторитативниот и библиски статус на Книгата на Исаија е во согласност со месијанските верувања на заедница која живеела во Кумран, бидејќи Исаија бил познат по своите пророштва и неговите визии за Крајот на Деновите и за доаѓањето на Кралството на Бога.
Модерните научници ја сметаат Книгата на Исаија за антологија, две главни композиции кои се во Книгата на Исаија (поглавја од 1 до 39, со некои исклучоци), во себе ги содржат зборовите на пророкот Исаија, кои датираат од времето на Првиот Храм, околу 700 години п.н.е., и на Вториот Исаија (поглавја 40-66), составувајќи ги зборовите на анонимен пророк, кој живеел 150 години подоцна, во времето на Вавилонското прогонство и реставрацијата на Храмот во Персискиот период. Во тоа време биле копирани Списите на Исаија и книгата веќе претставувала една композиција.
Неколку пророштва кои се појавуваат во Книгата на Исаија станале основа на јудео-христијанската цивилизација. Можеби најпознато меѓу нив е визијата на Исаија за вселенскиот мир на Крајот на Деновите.