Комплексот се состои од пет хотели, автокамп, објекти за логистика, а целокупниот комплекс се простира на 340.000 квадратни метри. Кога ЈНА го напуштала тоа подрачје во 1991 година нејзините војници го собирале целиот инвентар и се што било вредно и што можело да се земе. Хотелот Купари бил запален дел по дел со фосфорни бомби.
Припадниците на хрватската полиција влегле во комплексот во 1998 година, тогаш можело да се престојува во три од петте хотели. Во 2001 година објектите се дадени на фондот за приватизација. Од тогаш до ден денеска трае целосното уништување и пљачкосување. Се зима се, од бакарни цевки, прозорци, мермерни и камени плочи. Ниту еден дел од комплексот не е поштеден
Останатите објекти кои не се уништени, меѓу кои хотелот Галеб, вилите на Тито и Јованка, се користат од страна на министерството за одбрана на Хрватска. Тука е и подземниот тунел на Тито 20 метри под земја, во кој имало спални соби, винарска визба, соба за состаноци, кујна, вц, а можеле триесет лица да опстанат 80 дена во тоа засолниште.
Погледнете ја целата галерија.