Аутопсијата направена на Мајкл Џексон :(

popara12 октомври, 20111min00
насловна

Доктор Роџерс, кој сведочел во корист на тужителот, на суд изјавил дека Мајкл бил поздрав од  просечните луѓе на негови години и додал дека не се најдени траги од масти и холестерол.

На суд тој изјавил дека не верува на изјавата на Д-р Мареј кој вели дека кралот на поп музиката самиот испил две таблети од лекот “пропофол”, кога докторот заминал во тоалет на две минути.

Мареј, на кој му се суди за убиство од небрежност, нема да сведочи на суд, но ќе се пушти неговата снимка на која докторот вели дека децата плачеле и ќерката Парис се извикала на докторот, зашто тој  не го спасил нејзиниот татако.

На поротниците им се покажани и фотографии пред самата обдукција, а обвинителот го обвинува Мареј дека на Мајкл му вбризгал смртоносна доза “пропофол”, кој обично смее да се користи само во болниците.

Мајката на Мајкл ја напуштила судницата пред да биде покажана вознеирувачката фотографија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma