Супер ексклузивниот бренд се стреми со нов седан да го замени врвниот светски спортски автомобил Bugatti Veyron. Со наметнување на големина, Neo-Deco стил, а најмалку 1.000 коњски сили, Galibier ќе биде исто брз како 16-цилиндричниот Bugatti Veyron и со прописна цена.
Во 2013 Bugatti Galibier е ултра-луксузен седан со високи перформанси кој се очекуваше уште од есента 2009 година кога групацијата Volkswagen најави концептуален автомобил со исто име. Тој ќе биде замената за врвниот, мега-моќен Bugatti Veyron 16.4, кој завршува со производство во 2012 година, со 450 произведени единици и со широко признание како врвниот светски спортски автомобил. Bugatti ветува дека тоа ќе биде новиот врвен светски спортски седан и ќе чини најмалку 1.600.000 $, но сепак ќе биде со поголем број во однос на Veyron, со планираното производство од 1.000 до 3.000 единици.
Инженерите и дизајнерите на Bugatti се длабоко инволвирани во процесот наречен Galibier, кој треба да се заврши до есента на оваа 2011-та година. Под претпоставка дека резултатот ќе добие највисоко ниво на одобрување до тој момент, би требало, првите автомобили да се во рацете на клиентите до крајот на 2012-та година.
Покрај тоа, 2013 Bugatti Galibier ќе го задржи составот на Veyron W16, односно моторот и погон на сите тркала и сличен “4-цифрен” број на коњски сили, што значи некаде околу 1000. Според претходните извештаи седанот беше деградиран на 800-900 коњски сили, но сепак останува да видиме.
Bugatti, исто така, потврди и изненадување – опција на бирање помеѓу гас или електричен хибрид. Системот има уште работа за да биде финализиран, а причини за тоа се – чистата животна средина и егото на сопственикот. Како што Dürheimer изјави: “Кога во центрите на градовите ќе се забранат возилата со висока бучност, се што ќе трба сопственикот на Galliber да направи е да се префрли на тивката опција без загадување на средината – EV. Но, не секој Galibier треба да биде хибрид – во места како Дубаи на пример, тоа не е тоа што пазарот го сака “.
Кога зборуваме за пазарот, концептот Galibier е изграден како целосно функционална легална вежба за да може да се одведе околу целиот свет за изложби и собирање на проспекти и мулти-билионери. Повратните информации од овие истражувања се презентираа во крајот на 2009 и почетокот на 2010 година и се искористија како водич за развој на моделот за производство и негово пласирање на пазарот.