Иван Маринковиќ не може да ја преболи својата поранешна сопуга Гоца Тржан!
Неее, тој тоа не го изјавил, но на неговиот facebook профил тоа е повеќе од јасно.
Ја посетивме неговата facebook страна да видиме што го интересира…иии од сите страни извира Гоца. Иван и понатаму е член на нејзината фан група, која на посебен профил секојдневно објавува известување за пејачката и нејзините активности, настапи, гостувања во телевизиски емисии и написи од весниците.
И тоа, се разбира не е се. Иван, верувале или не, и е пријател на сите три нејзини facebook профили!
И како тогаш да ги објасниме сите меѓусебни навреди и тешки зборови изјавени во медиумите? Никако!
Гоца Тржан изјавила само дека не гледа ништо спорно во пријателство на facebook со поранешниот сопруг.
-Тој е татко на моето дете. Сакале ние или не, ќе бидеме пријатели засекогаш, не само на facebook, бидејќи имаме заедничка грижа и среќа го крајот на животот, изјавила Гоца.