Сапуницата Ештон Качер и Деми Мур продолжува! По неговите неверства и пијанства во џакузи со разголени девојки, во целата приказна се вклучи и Сара Лил, која одлучила да ги сподели со јавноста сите детали од жешката ноќ.
22 – годишната Сара Лил одлучила да ги искористи своите пет минути слава и на сите да им раскаже како изгледала жешката ноќ со Ештон Качер. Изгледа познатиот актер се покажал како вистински џентлмен.
По забавата на Ештон во џакузи, на шест годишнината одбракот со Деми, следува и финале.
“ Тој ми пријде и ме бакна. Не мислев дека е чудно тоа што гола седам со него во џакузи”, го споделила Сара своето мислење со јавноста и признала дека познатиот актер побарал секс во тројка.
Кечер, наводно ја уверил дека повеќе не е со својата 48-годишна сопруга, а таа му поверувала на овие зборови.
Откако добро се опуштиле, отишле заедно во неговата спална соба, каде ја поминале ноќта. Сексот траел два часа.
“Тој го тргна пешкирот од себе, а јас наметката. Потоа спиевме заедно. Тој беше навистина добар и издржлив. Не беше ни малку чудно ниту перверзно”, изјавила 22-годишната секретарка, Сара.
По сексот тиа долго време разговарале на разни теми, од политика до вера, а на Ештон јасно покажувал дека му е забавно со неа.
Подоцна во текот на ноќта, тиа спиеле уште еднаш заедно, а Качер се покажал како многу внимателен и нежен љубовник.