Во недела се навршуваат четири години откако трагично настрада нашиот најпознат македонски пејач,Тоше Проески. Овој ден во негова чест, покрај Македонија, ќе го одбележат Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и Германија.
Во петок ќе се одржи меморијален маратон во Загреб. Неговите обожаватели од Загреб, 4 – годишнината од неговата смрт, во недела ќе можат да ја одбележат и во црква.
Во Нова Градишка, градот во кој Тоше загина на автопатот во судир на неговиот автомобил со камион, годишницата ќе се трае четири дена.
Во четврток ќе се одржи миса во црквата Св. Тереза, а потоа од стадионот НК Слога тргнува меморијален маратон до родното место на Тоше Проески, Крушево.
Еден ден подоцна ќе биде положен на венец покрај споменикот на Тоше Проески и концертот на кој ќе статапуваат Леб и Сол. Во сабота ќе се одигра ракомет натпревар помеѓу Македонија и Нова Градишка и ќе се одржи македонска вечер.